Споменик на исселениците во центарот на Велес

by fokus

Импровизиран „Споменик на иселениците” денеска никна во центарот на Велес.

Споменикот, кој се наоѓа пред УЈП, го постави граѓанската акција „Ние одлучуваме“, со цел да алармира за  загрижувачкиот број на исселени млади од Велес и државата.

„Излези за да ги вратиме“ – порачаа од иницијативата, која ги има за цел да ги мотивира гласачите да излезат на гласање и да пријават злоупотреби на избирачкото право.

Но, како што јавува Дума.мк, набрзо на местото на настанот пристигнал комуналниот редар на општината, кој вчера и денес им барал на активистите дозвола за поставување на инсталацијата,повикувајќи се на анонимна пријава од граѓани.

Фото: Дума.мк

Поврзани новости