Корупцијата е насекаде, велат од ДС по извештајот на Стејт Департментот

by Фокус

Стејт Департментот на САД во својот најнов извештај за човековите права во Македонија предупредува на корупцијата во која е вклучена Владата, судиите, затворските службеници и други функционери кои ја злоупотребуваат службената положба, се вели во соопштението од Демократски сојуз.

Од партијата на Павле Трајанов наведуваат дека анализата покажува дека во Македонија и натаму отсуствува ефикасна и неселективна борба против организираниот криминал, пред се поради високата партизација и политизација на државните институции задолжени за откривање, гонење и пресудување.

ДС до Собранието достави Предлог-закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со кој се предвидува формирање независна Агенција за борба против корупцијата.

Од таму ги повикуваат сите пратеници да го поддржат овој законски проект со што, според нив, ќе се отвори војна против криминалот и ќе започне искоренување на високата корупција.

Поврзани новости