Корона-социологијата и карантинот

by Fokus

Ова е клучен момент во историјата на човекот, затоа што е време да се препознаат длабоките недостатоци на светот, дисфункционалните карактеристики на целиот систем, кои мора да се променат. Ова е знак за предупредување и лекција што мора да ја научиме

Пишува Хасан JAШАРИ

Јас сум социолог и секогаш гледам на работите од оваа перспектива. Еден мој пријател, градежен инженер, ги забележува изопачените покриви на куќите, додека шетаме заедно. Американците, покрај специфичните гранки на социологијата, имаат развиено и социологија на  автомобилот. А имаат социологија на автомобилот. Сега по оваа пандемија, сигурен сум дека  ќе има филмови, љубовни стории, романи… ќе има и социологија на пандемијата, како специфичен карантин во еден историски период на цивилизацијата.

Пандемиите имаат своја приказна и биографија. Црната смрт од 1343 година потекнува најверојатно од Централна Азија или од Источна Азија, од каде што патувала по патот на свилата, стигнувајќи до Крим. Оттаму, најверојатно се транспортирало со болви, кои живеат во црни стаорци на Геновските трговски бродови (Гenoese Ships), ширејќи се низ Средоземно Море, достигнувајќи до остатокот од Европа. Конечниот број смртни случаи од оваа пандемија низ целиот свет се проценува на околу 75 милиони луѓе, или околу половина од тогашното население  на Европа.

Карантинот ја има својата генеза во текот на четиринаесеттиот век. Имено, тоа беше потфат, обид да ги заштити крајбрежните градови од епидемии на чума. Внимателните пристанишни власти бараа бродовите да пристигнат во Венеција од заразени пристаништа до земјиште под сидро за 40 дена пред растовар – „quaranta giorni“ (40 дена). За време на 17-18 век, Европа неколкупати била нападната од чумата (италијанската, виенската, марсејската, московската чума). Кина и Индија ја имаат тажната историја на Лепрозија, болеста против која се бореше Мајка Тереза изградувајќи бројни полски болници и прифатилишта. Денешниот карантин  со телевизор и социјални медиуми претставува шега во споредба со некогашниот карантин. Сега, социјалните медиуми го одржуваат социјабилитетот и комуникацијата на различните заедници, дури и од далечина.

БОЛНИЦИ КАКО ЗАТВОРИ

Во Македонија, социологијата на  короната се појави во време на мошне слаби механизми на општествената контрола, инспекции кои ќе се активираат само кога е во прашање да се казни некој сиромашен граѓанин. Социјалните услови за појава на вирусот корона го најдоа здравствениот систем во една ниска здравствена позиција на работниците, корумпираните лекари и политичари. Значи, делумна понуда за здравствена заштита, во стилот на пожарникарите, на слаб мониторинг на јавното здравство.

Корона социологијата утврдила дека здравствената заштита на клиентите е необична, дури и во Италија и во Шпанија; социјални средини на болници како затвори без социокултура (тетовскиот Клинички центар повеќе личи на затвор каде што луѓето се во стрес и имаат напади на вознемиреност за паркинг), Скопје, исто така. Во овие услови, политичарите и лекарите почнаа да ги едуцираат пациентите. За првпат ги гледаме лекарите на телевизија и на социјалните медиуми. За првпат сфатив дека затоа имавме толку многу доктори во политиката.

  ПЕРЦЕПЦИЈА НА КОВИД 19

Но, следното прашање е како луѓето реагираат на корона и на карантин. Какви промени се набљудуваат во нивното однесување? Ова е она што Албер Ками го опишува во неговиот роман „Ла пест“. Српскиот психолог Федор Мунизаба посочува дека сегашната состојба не е само здравствена криза. Луѓето се загрижени за тоа како ќе се справат со карантинот, изолацијата, несигурноста донесена од пандемијата, загубата на приходот, децата, старите родители.

Во сево ова, постои екстремно претерано надминување и минимизирање на ситуацијата и занемарување. Но, политичарите се чини дека го губат медиумското опкружување и нивната политичка активност. Луѓето  и владите повеќе се загрижени за тоа што играат една игра со непознати правила со еден непознат, но многу опасен играч како што е Ковид 19.

ПАНДЕМИЈАТА И ИДНИНАТА НА ЧОВЕШТВОТО

На почетокот на пандемијата, по новата 2020 година, беше забавно да се слушаат Доналд Трамп и Борис Џонсон како зборуваа за вирусот како тоа да е некое црвенило со мало чешање. Италијанците и Шпанците не сакаа да се одвојат од нивните фудбалски претстави пред  многуилјадната публика и посебната социологија на просторот наречени Ноу Камп, Сан Сиро, Бернабеу и др.

Приказната за  Ковид 19 е слична на судбината на бродот Титаник. Имено за Титаник тогашната пропагандна реклама на индустрискиот капитализам ги убеди луѓето дека тој брод е толку сигурен и дека никогаш не може да потоне. Луѓето цврсто веруваа во тоа, и додека бродот тонеше, многумина не можеа да се разубедат. Така беше, за жал, и со Ковидот.

Ако се вратиме малку назад, неколку децении, забележуваме дека  нашата цивилизација има огромен потенцијал, не само да цвета среќно, туку и да се влошува ужасно. Всушност, човештвото буквално има капацитет да се истребува само по себе, со што се приклучува кон многу други видови што исчезнаа. Сепак, нашата цивилизација има капацитет да ги избегне и најлошите опасности и да цвета мирно илјадници години. Вистинскиот исход ќе биде резултат на човечките избори и активности во следните неколку години и децении.

ДАЛИ СЕВО ОВА Е НЕОЛИБЕРАЛНА ЧУМА?

Ноам Чомски, писател и филозоф, за состојбата во која се наоѓа цивилизацијата, вели дека веќе подолго време е познато дека може да се случи пандемија како оваа и се знаеше дека тоа ќе биде пандемија на вирусот корона, модификација на она што го видовме со САРС. Тие би можеле да работат на вакцини, да развијат заштита од потенцијална пандемија и со мали измени ќе ја имаме вакцината денес, вели Чомски. „Но, има многу поголем профит во изработката на нов крем за тело, отколку да се најде вакцина. Неолибералната чума блокираше сè“, додава тој.

Постои можност луѓето да се организираат, дека ќе работат во подобар свет, но тој свет ќе се соочи и со големи проблеми. Ова е клучен момент во историјата на човекот, затоа што е време да се препознаат длабоките недостатоци на светот, дисфункционалните карактеристики на целиот систем, кои мора да се променат. Ова е знак за предупредување и лекција што мора да ја научиме.

Пандемијата ќе помине, но светот никогаш не треба да биде како што беше порано; со проголтан неолиберализам, милионерски фудбалери и сиромашни доктори, различни ѕвезди кои ги засенуваат граѓаните и цивилизацијата. Имаме и диви напади врз природата. Светот во иднина мора да биде похуман.

(Авторот е професор на Универзитетот на Југоисточна Европа)

Поврзани новости