Македонските автори Григор Копров (музика), Огнен Неделковски (текст) и Владимир Дојчиновски- Дојчин (аранжман) се потпишаа зад песната „Ostat ću tvoj san“ („Ќе останам твојот сон“) на новата хрватска музичка ѕвезда Теди Грубица.
-Оваа прекрасна балада, која дефинитивно станува нов регионален хит, е продолжетокот на континуираната соработка на маестро Копров со Теди Грубица, а финалето се очекува на крајот на септември, кога под закрилата на „Кроација рекордс“, најголемата дискографска куќа во регионот, ќе биде објавен деби-албумот на младиот пејач од Пула.
Теди е познат како еден од најперспективните млади пејачи на просторот на поранешна Југославија, чиј потенцијал е препознаен од големи автори.
Иако не открива многу за приватниот живот, со песната „Tebi pripadam“ („Тебе ти припаѓам“) ја потврди врската со риечката пејачка Медеа- откриваат од неговиот тим.
Вики Клинчарова