СДСМ „пука“, Заев го прошета Ковачевски два три пати во странство и го стави за лидер, вели Димитриевски

by fokus 12:14
12:14

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев го прошета сегашниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски неколку пати по странство, а потоа го стави за претседател на партијата, коментира градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски во летното издание „Click21“ на ТВ21.

-Како да биде сменето кога едниот го доведе другиот, го прошета 2-3 пати по странство на конференции, се правеа пародии со него и на крајот го ставија на местото каде што е, вели Димитриевски.

Тој вели дека очекувал многу од Ковачевски, но партијата сега „пукала“ од сите страни.

-Оваа АД СДСМ првично ги брка оние кои победуваат, а ги чува оние кои никогаш немаат победено, вели Димитриевски.

Според него, партијата ѝ служи само на ДУИ.

-СДСМ кој што се претставува за власт денеска, е политички субјект под контрола на мала група на луѓе кои што ги користат своите јавни добиени функции за да извршат поголема контрола и централизација во партијата, и истата ја претворија, од сериозна политичка партија, во едно мало акционерско друштво во која што секојдневно членството се разочарува и си заминува, вели Димитриевски.

 

Поврзани новости