Претставници на политичките партии моментално се наоѓаат на координација кај претседателот на собранието, Талат Џафери, во пресрет на утрешната седница за избор на нов владин кабинет и нова владина програма.
Како што велат за Фокус собраниски избори, досега само БЕСА го информирала Џафери дека за координатор на пратеничката група го назначува Африм Гаши, додека останатите партии и коалиции што имаат над 5 пратеници се уште не формирале пратенички групи.
Нашите неофицијални информации говорат дека координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе биде Илија Димовски, на СДСМ Петре Шилегов, на ДУИ Ејуп Алими, а Алијансата за Албанците и ДПА нема да имаат право на пратеничка група.
Собранискиот деловник не прецизира дали пред седницата за избор на влада мора да се формираат пратенички групи, но упатените посочуваат оти треба да има координатори, бидејќи, меѓу другото, за нив е предвидена можност за подолго говорење.
В.С.