Груби и Ковачевски се вплеткаа во сопствените лаги кои ги пласираа за да го оправдаат изборот на Конзорциумот ИРД-ЕПТИСА-Електра Солушн-Евро Консалтинг, кој е целосно компромитиран и изборот треба да се поништи, истакна Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Фирмата Евро Консалтинг е сопственост на Бранимир Димитријевиќ. И тој е сопственик во истата од нејзиното основање до денес, во ниту еден момент не излегол од истата. Димитријевиќ е обвинет во Ерменија за криминал при надзор, се товари за измама од голем обем.
Тој е обвинет дека извршил измама во вредност од 1,8 милиони долари, како тим лидер на француско-шпанскиот конзорциум „Савеж-Ептиса“, кој вршел надзор на развојот и спроведувањето на проектот патен коридор Север – југ во периодот од 2009 до 2018 година – рече Стојановски.
Тој додава дека Димитријевиќ од Ерменија побегнал со помош на тројца македонски дипломати, кои со приватен авион и дипломатски пасоши во 2019 година го извлекле од Ерменија, по што е распишана меѓународна потерница.
-Во 2019 година на власт во Македонија е СДС и ДУИ, истите партии кои сега му даваат бизнис од 22 милиони евра на Димитријевиќ, кој дипломати додека тие управуваат со институциите му помогнале на истиот да избега од правдата.
Сега Евро Консалтинг на Димитријевиќ, кој во Ерменија се гони за измама од 1.8 милиони долари при надзор на патем коридор, ќе го врши надзорот врз изградбата на Коридорите 8 и 10д, проект вреден над 1.3 милијарди евра – вели Стојановски.
Истава фирма, додава тој, заедно со кинеската ЕПТИСА ќе има увид во технологијата на Американската Бехтел, во време кога државниот секретар на САД предупреди на кинеско подмитување за проекти каде се применуваат високи технологии.