Гаши за средбата со Заев: По чиј налог ме следат службите на СДСМ и ДУИ?

by Фокус

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши се огласи преку Фејсбук за средбата со експремиерот Зоран Заев во Струмица. Според него, вистинското прашање e зошто и по чиј налог го селдат службите на СДСМ и на ДУИ?

„Како лидер на Алтернатива, имам мандат и должност да се среќавам со сите политички актери во земјата. Така сум работел досега и така ќе работам и во иднина. Следствено, нема ништо посебно и мистериозно во мојата средба со поранешниот премиер Зоран Заев. Јас го разбирам интересот на медиумите за оваа средба, но мислам дека вистинското прашање не е кој, каде и зашто се среќавам, туку зошто, по чиј налог и од каков страв ме следат службите СДСМ-ДУИ?“, напиша Гаши.

Претходно, Скендер Реџепи-Зејд, кој е независен пратеник откако се отклони од матичната партија Алтернатива, на Фејсбук објави фотографија од средба помеѓу Гаши и Заев во Струмица, прашувајќи: „Прашање за 1 милион евра –  што побара денес Африм Гаши од Зоран Заев и зошто мораше да оди дури до Струмица?“.

(ФОТО) Гаши на средба со Заев во Струмица, Реџепи постави прашање од милион евра

Поврзани новости