510
Васил Гарванлиев, Александра Јанева и Марко Логоут на 14-ти август ќе пејат во чест на легендарниот Тоше Проески.
Настанот насловен како Трибјут за Тоше Проески ќе се случува во склоп на Струмица Опен Фест, со почеток од 21 часот на сцената кај Чешмичката.
Колегите на Тоше ќе настапат со голем број на хитови од неговите девет албуми.
-Цели два часа публиката ќе има можност да ужива во нови аранжмани и поинакви изведби на нивните омилени песни од големата поп-ѕвезда. Ова ќе биде специјален концерт во чест на една од најголемите балкански ѕвезди – информираат од организацијата на СОФ.
Вики Клинчарова