Контроверзниот Султан од Брунеи за 2 милијарди долари ќе ги купи хотелите на Субрата?

by Фокус

Контроверзниот Султан од Брунеи е најсериозниот кандидат да ги купи хотелите на Субрата Рој, јавуваат британските медиуми. Султанот на оваа островска земја во југоисточна Азија наводно понудил 2,2 милијарди долари за „Дрим“ и „Плаза“ во Њујорк и за „Гросвенор хаус“ во главниот град на Велика Британија.

Овој суров диктатор е познат по законите коишто ги донесе неговата земја и кои предвидуваат каменување до смрт за хомосексуалците и за прељубниците, поради што многу организации од САД и од Европа повикуваат да се бојкотираат неговите хотели низ целиот свет.

Индискиот суд минатата недела му даде 15 дена на Сурбата Рој да ги финализира продажбите преку кои треба да собере пари и да ја плати сумата која му ја побарува тамошната Комисија за хартии од вредност и да излезе од притвор.

Поврзани новости