Контроли на снабдувачите со храна и трговците со нафта

by fokus

Контроли на работата на сите дистрибутивни центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти на територија на цела држава, но и инспекциски надзори на фирмите, најавија од Управата за финансиска полиција заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.

Засилените инспекциски надзори беа најавени за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето.

Надлежните во повеќе наврати соопштија дека храна, гориво и енергенси има доволно и апелираа граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да не се крева непотребна паника. Уверуваат дека државата е подготвена да одговори на сите предизвици поврзани со кризата.

Поврзани новости