396
Две групи на демонстранти во моментов протестираат во центарот на Охрид.
Наспроти граѓаните кои бараат укинување на одлуката за аболиција и одложување на изборите закажани за 5-ти јуни, на контра-протест излегоа и членовите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).
Тие бараат одржување на предвремени избори на 5-ти јуни, бидејќи сметаат дека тоа е единственото решение за надминување на кризата.