Италијанскиот премиер Џузепе Конте во денешното обраќање пред членовите на Долниот дом на италијанскиот Парламент, изјави дека не се точни вестите оти продолжување на вонредната состојба од 31 јули до 15 октомври, значи и карантин.
Тој ги повика тие кои се против владиниот предлог да се јасно да се изјаснат, а не да и приговараат на Владата за намера што не постои.
– Предлогот на Владата за продолжување на вонредната состојба се заснова на организациски и оперативни барања, а не затоа што некој сака да ја искористи или иструментализира ситуацијата, посочи Конте.
Тој индиректно ги обвини опозициските партии дека „создаваат конфузија помеѓу граѓаните и го нарушуваат угледот на Италија во светот“.
– Не е точно дека продолжувањето на вонредната состојба значи продолжување на карантинот, наведе Конте.