Конте: Скопје и Тирана што поскоро треба да бидат дел од ЕУ

by Fokus

Северна Македонија и Албанија што поскоро треба да се приклучат во ЕУ, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте на денешната средба во Софија со претседателот на бугарската Влада, Бојко Борисов.

Конте ја поздрави улогата и поддршката од Бугарија на процесот на проширување на ЕУ и за отворање на пристапните преговори со Скопје и Тирана.

Бугарскиот премиер Борисов посочи дека Бугарија и Северна Македонија годинава заеднички ќе копретседаваат со Берлинскиот процес.

– Тоа е исклучително важен знак, а оценките што ги добива Бугарија за нејзината улога во регионот е многу јасна и позитивна, рече  Борисов.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте престојува во Бугарија по повод 140 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.

Поврзани новости