621
Социјалистичката партија на Македонија денеска го одржа осмиот Конгрес. На Конгресот се избрани нови органи, а за претседател повторно е избран Љубисав Иванов Ѕинго.
Од партијата соопштија дека на Конгресот бил поднесен извештај за работата на партијата во изминатиот четири годишен период, направени се мали измени на Статутот на СПМ и се донесени заклучоци за актуелната општествено политичка состојба во државата, разрешување на политичката криза и задачите на партијата во наредниот период.