Билт: ЕУ мора да ја забрза европската интеграција на земјите од Балканот

by fokus 15:55
15:55

Поранешниот шведски премиер и некогашен министер за надворешни работи Карл Билт оценил дека Европската унија мора да го забрза процесот на европската интеграција на земјите од Балканот и со тоа јасно да покаже дека има волја да одговори на ризиците кои постојат во регионот, пренесува Танјуг.

Билт, кој сега копретседава со невладината организација Европски совет за надворешни односи, во авторски текст потенцирал дека бил во право кога рекол дека војните, како оние од 90-тите години нема да се вратат, поради тоа што условите се далеку поинакви, но и дека „вжештените глави на поединци можат да предизвикаат пожар, кој тешко ќе може да се совлада“

- Advertisements -

Поврзани новости