469
Палестинскиот претседател Махмуд Абас му рекол на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека „неправдата“ кон Палестинците предизвикува конфликтот со Израел да се претвори во „експлозија“, пренесе палестинската агенција ВАФА.
Во телефонски разговор, Абас исто така рекол дека тековната ескалација е резултат на „практиката на колонијалистите и израелските окупациски сили и агресијата врз исламските и христијанските свети места“, објави Ројтерс.