Владата е подготвена за отворен дијалог и дебата со синцикатите за конечни заеднички решенија, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во врска со најавата на Конфедерацијата на слободни синдикати дека ќе оддржат предупредувачки протест доколку до 16 јануари да најдат заеднички прифатливи решенија.
– Имам состанок на 17 јануари со Синдикатот што се однесува на социјалната заштита при КСС. Треба да се разговара за сите аспекти, треба да се разгледаат колективните договори, специфично во социјалната заштита многу години не е разгледан овој колективен договор, и подготвени сме за отворен дијалог и дебата и да дојдеме до конечни заеднички решенија – рече Царовска.
Инаку, КСС вчера најави дека на 17 јануари, во пет минути до 12 часот, ќе одржи јавен предупредувачки протест пред Владата. КСС бара усогласување на платите во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата, да почнат преговори за зголемување на платите во јавниот сектор и преговори за измена на Општиот колективен договор за јавниот сектор. Од Синдикатот ја повикаа Владата најдоцна до 16 јануари да организира средба со синдикалните претставници со цел да се изнајдат заеднички решенија.