Судскиот совет пак донесе одлука за разрешување на Митриновски, бидејќи постапил несовесно во случајот со Бајруш

by Фокус

Bо повторената постапка Републичкиот судски совет одлучи исто како и пред 6 години дека апелацискиот судија Јордан Митриновски треба да биде разрешен бидеји несовесно и нестручно ја вршел функцијата.

Судскиот совет ја повтори постапката откако Европскиот суд за човекови права оцени дека претседателот на Врховен, Јово Вангеловски, учествувал и во гласањето како член на советот со што одлуката за разрешување на Митриновски била пристрасна.

И во овој состав на Судскиот совет Вангеловски е член по функција и учествува во работата на советот, но за повторното разрешување на Митроновски, не присуствувал на седницата.

Инаку, Митриновски, кој беше разрешен поради одлуката да го пушти од притвор тутунскиот бос Бајруш Сејдиу со кауција, тврдеше дека е разрешен по налог на тогашниот министер за правда Михајло Маневски и неговата сопруга Филимена Маневска.

Поврзани новости