455
Во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, поранешниот градоначаник на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски рече дека малиот коалиционен капацитет на неговата партија, особено со албанските партии, бил хендикеп за Гордана Силјановска.
-Коалиционите капацитети на нашата партија беа многу мали, минимални и тоа беше голем хендикеп за Гордана Силјановска. Имаме уште една година до парламентарните избори, се надевам дека ќе успееме да направивме коалиционен капацитет за да победиме и да формираме влада, рече Коневски.