Прва реакција на Тамара по влезот во финале: Клетвата е скршена!

by fokus

По седум години безуспешни обиди, нашата претставничка на Евросонг, Тамара Тодевска ни обезбеди влез во големото финале кое ќе се одржи на 18-ти мај во Тел Авив. Со песната ,,Proud” таа се пласираше во финалето на музичката манифестација, а нејзината првична реакција за ,,Фокус” е дека е пресреќна, но и горда што ,,клетвата”, односно лошата среќа на Евросонг конечно, по седум години е скршена.

-Ви благодарам за поддршката и љубовта! Вечерва пеев за сите нас! Горда сум на целиот тим. Покажавме дека со тимска работа и многу љубов се е можно. Клетвата е скршена! Македонија по седум години повторно е во финале! Ве сакам – изјави за ,,Фокус” Тодевска од Тел Авив.

Нашата земја за прв пат настапи на Евровизија во 1998 година. Најдобар пласман со 12-то место имаше во 2006 година, со песната ,,Нинанајна” на Елена Ристеска. Во 2012 година Калиопи со песната ,,Црно и бело’ се пласираше во финалето, и освои 12-то место.

Евровизискиот малер не следеше цели седум години, а во јавноста по секој неуспех , односно секогаш кога не успевавме да влеземе во финале, следуваа низа на негативни коментари и апели да не учествуваме повеќе на популарната манифестација.

Вики Клинчарова

Поврзани новости