Коневски ќе го тужи Стоилковски: За многу кратко време ќе се извини

by Frosina Fakova

Поранешниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски ќе поднесе тужба против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Ќе поднесам тужба за изнесените лаги и клевети и тој за многу кратко време јавно ќе се извини. Мицкоски, ти порачувам уште еднаш дека сите овие лаги и манипулации нема да те спасат од заминување, соопшти Коневски.

Стоилковски претходно обелодени дека Коневски има стан и деловен простор од над 350 м2 во новата зграда кај Мајчин дом во Аеродром. Преписките меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Коневски почнаа откако тој побара оставка лидерот на партијата.

Поврзани новости