472
Петтиот член во ад-хок телото за медиуми ќе биде Љуљзим Хaзири,поранешен дописник на МТВ од Гостивар, дознава Либертас.
За изборот на последниот член од ад-хок телото денеска останаа да преговараат само СДСМ и ДУИ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски прв ја напушти средбата и рече дека ќе ги прифати сите услови само за да има избори, оставајќи другите партии да го изберат петтиот член. Од преговорите за ад-хок телото се повлече и ДПА.
Откако партиите ја тргнаа и последната пречка на патот до избори, се очекува да излезат и да го потврдат датумот 11 декември.