Коњановски прогласи победа: Да ги закопаме секирите

by fokus

Кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски вечерва прогласи победа и порача дека од Битола одбрала промени, проекти и победи.

-Битола огромно благодарам. Благодарам за огромната поддршка, за оние кои излегоа и во првиот и во вториот круг. Благодарам за сите кои храбро одолеаја на притисоците. Битола одбра промени, проекти, победи. Ги повикувам сите граѓани да ја дадат својата поддршка и за  она што од утре не очекува, а тоа е многу работа. Да ги закопаме секирите, заедно да тргнеме во нови победи. Битола да биде на битолчани, рече Коњановски.

Поврзани новости