Неколкумина скопјани денеска спасија коњ кој пропаднал во отворена шахта за атмосферска канализација од обиколницата кај Кучевачка Бара, објави порталот СДК.
Коњот го спасиле дел од мештаните и во акцијата за спасување
учествувале багерист и велосипедисти кои случајно го забележале пропаднатиот коњ.
„Застанавме да помогнеме. Животното беше преплашено ама мирно. Мештаните веќе беа викнале багерист и се обидуваа со еден каиш да го извлечат коњот, но тој не можеше да отскокне на задните нозе, шахтата беше многу длабока. Го галев додека чекавме да донесат уште каиши за да го врземе. Беше мирен и збунет. Успеавме да го извлечеме жив и здрав, нема скршеници“, вели велосипедистот Марјан Доцевски за порталот СДК.
Шахтата била отворена и на неа немало решетка.