Композиторите Македонци во Велика Британија: Доста е од барокни шампити, сите на протести

by Фокус 12:27
12:27

-Изразуваме сесрдна поддршка на протестите на граѓанските здруженија низ Македонија и ги повикуваме сите граѓани без разлика на политичка, верска, и национална припадност, мирно, ненасилно но во исто време одлучно и истрајно, да делуваат во правец на морално, културно, и уметничко ”ресетирање” на ”инфицираното”  општество. Македонија има потенцијал да ја надмине кризата но потребна е взаемна поддршка и поврзување помеѓу сите ”ресетирани” индивидуи за да се ”ресетираат” сите ”инфицирани” здруженија, политички партии, образовниот систем, здравстовото и судството, пишуваат композиторите од Велика Британија, Трендафиловски, Коџобашија, Шахов и Спасов.

Во нивниот допис до Фокус наведуваат:

ПРОТЕСТИРАМ за правда и слободно изразување! Доста “барокни” шампити и криминал, да создаваме креативни градби и хумано општество!

- Advertising -

На фотографијата која ја испратија композиторите порачуваат како треба да изгледа модерно Скопје, ако сака да се приклучи кон светските трендови на уметноста.

Михаило Трандафиловски, композитор (Македонија и Велика Британија)

Панде Шахов, композитор (Македонија и Велика Британија)

Никола Коџабашија, композитор (Македонија и Велика Британија)

Мирослав Спасов, композитор (Македонија и Велика Британија)

 

Поврзани новости