Компилација од скандалите на ДУИ: Груби почна на Кале, Адеми заврши во Собрание

by fokus

Функциониерите на ДУИ со години предизвикуваат најразлични скандали со говор на омраза, закани упатени преку социјални мрежи, па и тепачки. Никој досега не одговарал, а за политичка одговорност изгледа немаат ни слушнато. Направивме компилација од најголемите инциденти во кои биле вклучени функционери на ДУИ: од камењата на Груби до фрлањето филџани на Адеми.

„Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, времето на продавачите на магла заврши, новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците.“

Ваква „честитка“ преку Фејсбук му упати државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски по тепачката во Собранието со неговиот колега, пратеникот Арбр Адеми.

Прашањето кое сега се наметнува е дали Азири ќе понесе некаква одговорност за овие јавно упатени закани.

КРЕШЕЊЕ НОЗЕ ЗА АНТИАЛБАНЦИ

Едно е сигурно: политичка одговорност нема да има, бидејќи ниту неговата партија ДУИ, ниту Министерството за култура го бара тоа од него.

За кривична одговорност пак, се чека на обвинителството дали ќе отвори предмет за функционерот на ДУИ, откако Милошоски поднесе кривична пријава за делото ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Интересно е што токму Азири е секретар во Министерството за култура, каде одговорност не се бара од директорот на Ансамблот за албански ора и песни, Шкодран Толај кој досега два пати е казнуван за ненаменско трошење пари.

За овој случај, „Фокус“ имаше серија текстови, а поранешниот претседател на Комисијата за фолклор, Емин Гаџа го посочи токму Азири како еден од оние кој му го чува грбот на Толај, кој е директор по предлог токму на ДУИ.

Пред овој спорен Фејсубк статус на државниот секретар, му претходеше физичкиот напад од страната на пратеникот од ДУИ и претседател на Комисијата за европски прашања, Арбр Адеми.

ФЛАШИ И ЧАШИ ЛЕТАА ВО СОБРАНИЕТО

Адеми не можеше да се исконтролира, па на собраниската комисија почна да мава со филџани и шишиња по пратениците од опозицијата, а главна мета му беше Милошоски.

Во „жестоката борба“ на крајот Адеми го извлече подебелиот крај, откако си ја исече раката кога ја уништуваше собраниската опрема.

И уште еднаш изостана барањето политичка одговорност од страна на неговата матична партија ДУИ и од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според Џафери, тој нема надлежност да бара одговорност од Адеми, бидејќи тој е пратеник, а не службеник.

ПОЛИЦАЈКАТА И ПАЈАКОТ

Уште еден фунционер на ДУИ имаше прболем со контрола на бесот. Во 2018 година Бекир Асани ја нападна полицајката Јасмина Јаначкова, која заедно со пајак-службата се обидела да го крене неговото непрописно паркирано возило.

Но, веднаш по настанот, полицајката на средбата со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски му рекла дека таа сама се удрила во пајакот, а Асани само викал.

К.С.Б.

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

 

 

Поврзани новости