Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска ги израдува храбрите мали борци, кои го победија канцерот

by Fokus

Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска, во организација на Сано, национално здружение кое им помага на децата заболени од рак и на нивните родители и постои за да овозможи достоинствени услови на најранливите во борбата со оваа подмолна болест, ова лето ги израдува оние на кои им е најпотребен одмор, релаксација и уживање – малите храбри борци кои успеаја да издвојуваат една тешка битка во животот – да го победат канцерот.

Зегин како долгогодишен пријател и поддржувач на Здружението го овозможи овој одмор на брегот на Охридското езеро, кој освен релаксација, на своите штитеници и нивните мајки им овозможи и доста едукативни работилници поврзани со животот, социјализацијата, имунитетот и суплементација на пациентите кои се во ремисија.

 “Општествената одговорност е она по што компанијата Зегин заедно со Фондацијата д-р Верица Механџиска се препознатливи и оваа хумана мисија планираме да ја продолжиме и понатаму и да даваме поддршка секогаш и секаде каде што е потребно”, изјавија Викторија и Христина Механџиски, сопственички на Компанијата Зегин и Фондација д-р Верица Механџиска.

Поврзани новости