611
Компанијата „АТС груп“ му донира 500 000 заштитни маски и 20 000 теста за ковид-19 на Министерството за здравство.
Тестовите за коронавирусот ќе се распределат во Институтот за јавно здравје на територија на целата држава, со што ќе се овозможи тестирање на поголем дел од населението.
Заштитните маски, информираат од компанијата, се транспортираат од Народна Република Кина и наскоро ќе пристигнат во земјава.