Состојбата со корона вирусот во светот до 13 часот

by Fokus

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.529.439 лица заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 89.416, а оздравеле 337.164 луѓе.

– Два дома за нега на стари и изнемоштени лица во Будимпешта се погодени од корона вирусот. Во едниот има над 100 заразени.

– Во Шпанија има пад на дневниот број на смртни случаи во однос на вчера – 683 наспроти вчерашните 767.

– Во Швајцарија во изминатите 24 часа починаа 14 лица, а се заразија 124.

– Во Австрија во изминатите 24 часа починаа 22 лица, заразени се 69.

– Индонезија – во еден ден 40 смртни случаи и повеќе од 300 новозаразени. Тоа е најголем пораст на починати од почетокот на епидеммијата во таа држава.

– Во изминатите 24 часа во Романија починаа девет луѓе, а во Полска, Чешка и Украина – петмина.

Поврзани новости