Комисиска расправа за уставните измени денеска во Собранието

by fokus

Комисијата за уставни прашања на Собранието на Македонија денеска треба да ја отвори дебата за владиниот предлог за уставни измени.

Собраниската седница на која ќе треба да се гласа по Предлогот за пристапување кон уставни измени ќе се одржи в понеделник. Македонската влада упати до Собранието предлог за четири уставни амандмани – за додавање на додавката Северна во името Република Македонија, за измени во Преамбулата и за измени во членовите 3 и 49.

Според роковите пропишани во Деловникот, целата постапка за уставни измени може да заврши најрано за три и пол месеци, но Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека постапката може да биде и итна по барање на Владата, на претседателот, на 20 пратенци и на претседателот на Собранието.

Поврзани новости