938
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги заоструваат мерките и бараат сите детски градинки, основни, средни и високообразовни институции да запрат со настава, осносно во наредните 14 дена да не работат.
Исто така, се забрануваат сите масовни собири на отворено и затворено, како и сите културни и спортски настани. Во соопштението уште се наведува и повозрасните лица да избегнуваат јавен превоз.
Комисијата препорачува сите вработени во јавното здравство да бидат ослободени од понатамошни активности поврзани со изборниот процес.