Комисија за заразни болести препорачува да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје

by Fokus

„18 заразени со голема кашлица, овој број расте, па препорачуваме епидемија за град Скопје. Тоа треба да ни помогне во спречување на ризикот. Очекуваме да излезе упатство за постапување во ситуации на епидемии. Клучните активности треба да се насочени на пополнување на промашените вакцини, за пертусис, не е вакцинацијата на задоволително ниво“ рече првиот човек на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

„Препорачуваме на забрана за носење деца невакцинирани од пертусис во градинка. Фокусот е во заштита на најмалите, сите родители да се придржуваат до распоредот за вакцинација, која започнува од вториот месец“ порача Петличковски.

Поврзани новости