403
Министерството за здравство формираше комисија која ќе треба да ја истражи смртта на 31-годишната родилка, која пред два дена почина во една од приватните болници.
Починатата била од Кичево и во болницата дошла да се породи со своето прво дете. Смртта настапила кога почнала процедурата за царски рез, односно причина биле компликации при дишењето. Состојбата на машкото дете е критична и тоа се наоѓа на Клиниката за детски болести.