Комеморативна седница ќе се одржи денеска во Охрид по ненадејната смрт на градоначалникот, проф.д-р Јован Стојаноски.
Комеморативната седница ќе се одржи во големата општинска зграда со почеток во десет часот.
Советот на општина Охрид вчера на вонредна седница свикана по ненадејната смрт на Стојаноски, едногласно донесе одлука денеска да биде прогласен за ден на жалост на територијата на општината.
Согласно одлуката, за денеска се откажуават сите закажани манифестации од културно забавен карактер.
Погребот на посмртните останки на Стојаноски ќе се одржи во 14 часот на Градските гробишта во Охрид.
На комеморацијата и погребната церемонија е најавено присуство на видни личности од политиката и јавниот живот, а меѓу нив и премиерот Зоран Заев, кој, како што соопшти Владата, поради ненадејната смрт на Стојаноски го откажа присуството на настанот за отворање на делница од автопатот во Бугарија.
Градоначалникот на Охрид проф.д-р. Јован Стојаноски почина завчера изутрина, во возилo на службата за итна медицинска помош, на пат кон Центарот за кадриоваскуларни болести.