Командант Шпати премина од ДУИ во Алтернатива на Гаши

by Фокус

Поранешниот пратеник од редовите на ДУИ, Хајрула Мисини, познат како командант Шпати, премина во редовите на Алтернатива на Африм Гаши.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, преку фејсбук информираше за овој трансфер, посочувајќи дека Мисини видел нов дух во неговата партија, па одлучил да даде свој придонес.

Инаку, на претстојните избори Гаши ќе настапи во коалиција со Алијансата за Албанците со Зијадин Села.

Поврзани новости