429
Фудбалерот на Баерн Минхен, Кингсли Коман, ќе паузира неколку седмици откако го повреди скочниот зглоб на натпреварот против Хофенхајм во првото коло од Бундеслигата.
Коман го напушти теренот во крајот на првото полувреме, а по деталните прегледи денеска е утврдено дека станува збор за посериозна повреда на лигаментите и ќе треба подолг период да отсуствува.
Францускиот репрезентативец и претходно имаше проблеми со повредите, а во февруари беше подложен на операција поради што го пропушти и Светското првенство во Русија.
Коман во Баерн дојде во 2015 година, а оттогаш настапи на 96 натпревари и постигна 16 голови.