Милан доби „шлаканица“ од Наполи, Анчелоти му ги зеде бодовите на Гатузо

by fokus

Калчолигашот Милан со пораз ја започна новата сезона во Серија А. Екипата на Џенаро Гатузо беше поразена од Наполи со 3-2, иако „росонерите“ по првото полувреме имаа водство од 1-0.

Сепак, играчите на Карло Анчелоти на другата страна, покажаа присебност и поголема психичка подготвеност, при што успеаја да постигнат три гола и да ги освојат сите бода на „Сан Паоло“.

Милан го отвори резултатот преку одличниот погодок на Бонавентура во  15-та минута, а Калабрија го зголеми водството на почетокот од второто полувреме. И кога сите очекуваа мирна завршница, Наполи се врати „од мртвите“ и успеа да направи комплетен пресврт.

Најпрво Зјелински намали на 2-1, а по 14 минути, истиот играч постигна втор гол за израмнување на резултатот. Конфузијата во одбраната на „црвено-црните“ беше очигледна во последните минути, а истата капитулираше на 10 минути пред крајот, кога Мертенс ја смести топката во мрежата непречен од никого.

Поврзани новости