Колумбија: Обвинет 31 војник поради силување малолетнички

by Fokus

Колумбиската војска соопшти дека отпуштила 31 припадник, кои се обвинети за сексуално злоставување или насилство врз малолетнички.

Од 2016 година војската води истрага против најмалку 118 свои припадници, поради обвиненија за силување на малолетнички.

– Од институциите се отстранети 31 припадник – 12 подофицери и 19 војници. Административната мерка е преземена согласно правните норми и одлуката на началникот на војската, се наведува во военото соопштение.

Обвинетите ги очекуваат дисциплински и кривични истраги, кои можат да резултираат со затворска казна.

Армијата демантираше дека постоел систематски обид за прикривање на војниците вмешани во чинот на сексуално насилство врз малолетни девојки.

Колумбиската војска има 240.000 припадници.

Поврзани новости