Колони возила кон Грција

by Фокус

Голем број македонски граѓани го користат продолжениот викенд за Водици да го поминат во Грција. Во текот на вчерашниот ден околу 1 600 македонски државјани поминале преку граничниот премин Богородица. Во текот на денешниот ден фрекфенцијата е значително поголема, пуштени се повеќе ленти, а има и задржување на патниците од половина до еден час.

Според неофицијални бројки до 17 часот попладнево преминот го поминале повеќе од пет илјади македонски државјани. На преминот Богородица ангажирани се сите вработени за да се овозможи побрз проток на патниците.

Поврзани новости