ПДП со жена претседател

by Фокус

Најстарата политичка партија на албанците во Македонија ПДП изгласа жена претседател. Теута Камбери Лала е новиот лидер на партијата, која денеска беше избрана на шестиот конгрес.Таа беше едиствената кандидатка за оваа функција. По професија е професор. Предава во тетовската гимназија Кирил Пејчиновиќ. За прв пат влегува во политичкиот живот.

– Во Македонија нема демократија економијата тоне, а политичките партии не преземаат ништо во врска со оваа проблематика.Тоа беше доволен мотив да влезам во политичките води и заедно со членовите нд ПДП да ја вратиме државата во вистински колосек, изјави Теута Камбери Лала.

Поврзани новости