Хрватскиот „Глобус“ пред две недели ја најави денешната конференција за Западниот Балкана во Берлин како новиот Дејтон. Според неделникот германската канцеларка Ангела Меркел од сега го презема лидерството во европскиот југоисток и главната цел ѝ е да се ангажира околу Западниот Балкан.
„Се знае дека канцеларката ќе помине повеќе време со проблематичните земји; што помалку минути со Ангела Меркел, значи дека државата има посредена крвна слика“, пишува „Глобус“.
Како што најавува овој хрватски медиуми, најпроблематична земја за канцеларката е Босна и Херцеговина, земја со сериозен напредок е Србија, додека Хрватска за Меркел била земја пример дека интеграцијата во ЕУ е корисна за граѓаните.
На конференцијата присуствуваат премиерите на западнобалканските држави, меѓу кои и Македонија, придружени со своите министри за надворешни работи и за еконимија.