Колку што е нужно, во карантин ќе одат и странски дипломати и нивните семејства

by Фокус

Владата на својата денешна седница разгледа и донесе протоколот за влез во Македонија на странски дипломати акредитирани и членовите на нивните семејства, со кој се предвидува дека начелно тие не треба да бидат изземени од мерката задолжителен карантин.

„Со цел да се почитува Виенската конвенција за дипломатски односи, а во исто време и да се почитуваат националните закони и правила (кои дипломатите согласно Виенската конвенција мора да ги почитуваат) мерката државен карантин ќе се применува само онолку колку што е нужно“, се наведува во Протоколот.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата го задолжи Министерството за надворешни работи веднаш да ги извести сите странски дипломатско конзуларни претставништва за усвоениот Протокол.

Поврзани новости