Шеесетина македонски државјани заглавени во Италија, бараат МНР да им помогне да се вратат дома

by fokus 22:16
22:16

Шеесетина македонски државјани се заглавени во Италија, поради пандемијата со корона вирусот, односно иако сакаат, не можат да се вратат дома.

Во разговор за “Фокус” посочуваат дека се пријавиле во македонската амбасада и во МНР на повикот кој бил до недела, дека сакаат да се вратат во Македонија, но не добиле одговор кога ќе се организира превозот.

- Advertisements -

-Постојано се јавуваме да прашаме кога ќе не вратат дома, но не добиваме прецизен одговор. Ни посочија дека се прават напори да се организира хуманитарен лет, велат нашите соговорници.

“Фокус” побара одговор од Министерството за надворешни работи, од каде што велат дека Владата ќе расправала, па ќе соопштеле. За тоа пак кога ќе се расправа ова прашање, добивме одговор дека тоа било оценка на Кризниот штаб.

Заглавените македонски државјани се наоѓаат во неколку градови во Северна Италија, кои се сметаат за високо ризични подрачја.

По апелот за пријавување на македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по јавниот повик за организирање на авионски превоз, но и преку хуманитарни конвои, до сега во организација на МНР 1.842 наши државјани се вратени дома.

Од нив, 1.097 се вратиле од 5 земји (Малта, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија) со 7 авиони и тоа од: Валета, Загреб, Љубљана, Минхен, Берлин, Бон/Келн, Виена, а 150 граѓани со 3 хуманитарни конвои (автобуси и автомобили) од Црна Гора, Словенија и Истанбул.

В.В.

Поврзани новости