426
Во последно време, се повеќе го слушаме зборот „инфлуенсер“ и истиот наидува на различни реакции во јавноста. Сепак, некои истражувања покажуваат дека маркетингот на „инфлуенсерот“ може да достигне од пет до 10 милијарди долари.
„HOPPER HQ“ направи листа на „инфлуенсери“ кои од објава заработуваат вртоглави суми на пари.
- Кајли Џенер (115 милиони следбеници) од објава заработува по милион долари.
- Селена Гомез (143 милиони следбеници) од објава заработува по 800 илјади долари.
- Кристијано Роналдо (142 милиони следбеници) од објава заработува 750 илјади долари.
- Ким Кардашијан (118 милиони следбеници) од објава заработува по 720 илјади долари.
- Бијонсе (118 милиони следбеници) од објава заработува по 700 илјади долари.
- Двејн Џонсон (116 милиони следбеници) од објава заработува по 650 илјади долари.
- Џастин Бибер (116 милиони следбеници) од објава заработува по 630 ијади долари.
- Нејмар (102 милиони следбеници) од објава заработува 600 илјади долари.
- Лионел Меси (98,4 милиони следбеници) од објава заработува по 500 илјади долари
- Кендал Џенер (95.6 милиони следбеници) од објава заработува по 500 илјади долари.