Пратениците кои бојкотираат и блокираат Собрание, кои не работат ништо како што тоа го прават пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. не смеат да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување, вели Мартин Костовски од СДСМ за опозициската блокада на Собранието.
-Кога веќе не ја работат работата за која се платени, кога ја попречуваат работата на целото Собрание, тогаш, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба итно да се откажат платите, дневниците, патните трошоци, службените телефони и овие пари да ги донираат кај граѓаните, затоа што во вакви околности тоа не треба да им следува. Ако се земе бројот на пратеници и просечната плата на еден пратеник, тоа се над 40.000 евра народни пари само за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – рече Костовски.
Наспроти тоа, од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат колку вкупно пари ја чинеше Македонија неучеството на СДСМ во Собранието?