416
Ако минатото лето фудбалската репрезентацијата на Хрватска го достигна својот врв и го освои среброто на СП во Русија, периодов „коцкестите“ се како „боксерска вреќа“ за останатите репрезентации и се во сенка на изданијата од пред нецела година.
Хрватите загубија неочекувано на квалификацискиот меч за ЕП 2020, од Унгарија со резултат 2-1, а тоа очигледно и падна тешко на првата дама на оваа земја, Колинда Грабар-Китаровиќ.
Нејзиниот израз на лицето на трибините во Унгарија беше доволен показател дека националниот тим е во мошне лоша форма.
Со овој пораз, тимот на Златко Далиќ падна на четвртото место во групата „Е“, со три освоени бода.
Фото – Сањин Струкиќ, Pixsell