Колев е за заеднички дипломатски претставништва на Македонија и Бугарија

by fokus

Лидерот на Граѓанско Демократската Унија, Петар Колев на својот Фејсбук профил напиша дека е за заеднички диполматски претставништва на Македонија и Бугарија по моделот на скандинавските земји. Според него, тоа е револуционерна идеја за нашите балкански простори.


„Искрено сметам дека идејава треба да биде прифатена поради неколку аспекти:
1. Економски е издржливо и корисно, не гледам зошто МНР на Македонија да не заштеди дел од средствата предвидени за купување или изнајмување на дипломатски претставништва.
2. Праќа јасна порака дека ние балканците се стремиме кон модерни и европски вредности и сме готови да прифатиме функционални идеи кои се спроведени во еден од најразвиените делови на Европа- Скандинавскиот Полуостров.
3. Сметам дека македонската дипломатија ќе испрати јасен сигнал за својата позиционираност, бидејќи на соодветните згради би се вееле знамињата на Република Македонија и Република Бугарија, но заедно до нив ќе се и знамињата НАТО и на ЕУ“, напиша Колев.

Поврзани новости