Концернот Колектор во Кавадарци, Македонија, свечено отвори склоп на пет мали хидроцентрали, вклучени во системот за наводнување на реката Бошава. Проектот, чиј носител е Колектор Турбоинститутот, вклучуваше реконструкција и зголемување на капацитетите на доводниот канал од водната брана на реката Бошава до почетокот на системот за наводнување, продолжување на доводниот канал до системот на МХЕЦ Бошава и изградба на системот на пет мали хидроцентрали. Од споменатиот систем ќе се обезбеди водоснабдување на општините Кавадарци, Росоман и Неготино.
„Проектот за изградба на пет мали хидроцентрали на реката Бошава претставува нова пресвртница за Колектор Турбоинститутот. Ова е прв проект, во рамките на кој преку јавно-приватно партнерство, стекнавме концесија, ги добивме сите потребни дозволи и за помалку од 2 години, во соработка со локалните изведувачи, ги завршивме сите градежни и други работи. Во објектите вградивме најсовремена електромеханичка опрема што денес е достапна на пазарот. Неодамна, проектот го завршивме со потпишување договор за откуп на електрична енергија, така што денес овие објекти може и свечено да ги предадеме во комерцијално работење. Со ова, на најдобар можен начин докажавме дека сме способни успешно да реализираме толку сложени проекти, како што беше изградбата на системот на пет мали хидроцентрали “, рече Франц Флоријанчич, директор на компанијата Колектор Турбоинститут и додаде „Проектот за изградба на пет мали хидроцентрали на реката Бошава е добар пример за јавно-приватно партнерство во практика, кое им носи корист на сите вклучени страни. Со оглед на добрите искуства при изведбата на овој проект во Колектор Турбоинститутот планираме и понатаму да инвестираме во слични објекти во Македонија”.
„Концернот Колектор, кој инаку произлегува од автомобилската индустрија, во последно време ја зајакнува својата улога во областа на градежната индустрија, односно инженерингот, пред сè, па останува еден од клучните играчи во областа на електроенергетиката “, вели Радован Болко, претседател на Управата на концернот Колектор, и додава: „Во компаниите, во рамки на концернот, ставаме посебен акцент на зелените технологии. На купувачите и на партнерите може да им понудиме од трансформатори и турбини со најдобро искористување до инженеринг во областа на малите хидроцентрали и погони за производство на вода за пиење и чистење на отпадните води. Во сите проекти, последователно вклучуваме партнери од локалната област. Со проектите, како што е МХЕЦ Бошава, создаваме и нови работни места. ”
Колектор Турбоинститутот, само во Република Македонија, во последните 20 години набави машинска опрема за повеќе од 15 мали хидроцентрали и учествуваше во обновата на 6 големи хидроцентрали.
Колектор Турбоинститутот, за проектот Бошава со јавните партнери Водостопанство Тиквеш, управителите на системот за наводнување и носителите на правата за водата, склучи јавно-приватно партнерство за комбинирано користење на водата. За реализација на проектот Колектор Турбоинститутот во Македонија ја основа компанијата Хидро Бошава, која има концесија за користење на водата и е сопственик на хидроцентралите, кои имаат статус на производител на електрична енергија од обновливи извори.
Концептот на проектот следеше три основни насоки:
• Еколошко, одржливо производство на енергија од обновливи извори во мали производствени единици лоцирани во близина на крајните потрошувачи.
• Соработка со локалната заедница при концепцијата и имплементацијата на проектот, како и при работењето на системот и соработката со локалните изведувачи при самата изградба. Проектот Бошава, така на локалната заедница ѝ носи краткорочни и долгорочни позитивни економски ефекти.
• Минимално влијание врз животната средина – архитектурата на објектите е прилагодена на локалната архитектура. Каде што е можно, сите линиски објекти се изградени под земја, а каде што беше потребно изградени се и рибарски патеки.
Кон успехот на проектот многу придонесе и поддршката на локалната заедница и на државата Македонија. Компанијата Хидро Бошава е носител на концесијата за експлоатација на природните ресурси за следните 27 години. Предвиденото производство на електрична енергија годишно ќе изнесува 33 GWh.
Колектор Турбоинститутот е основан пред повеќе од 65 години како центар на знаење за хидраулични машини. Денес, компанијата е една од двата независни понудувачи на моделски тестирања на светот. Само тие ги изведуваат низ целиот свет за клиенти, кои инвестираат во изградбата на најголемите електрани. Во 90-тите години на минатиот век, Колектор Турбоинститутот ја прошири својата дејност за дизајн, производство и инженеринг на електромашинска опрема за мали хидроцентрали. На пазарот стана познат како производител на турбини, кои се гордеат со натпросечно високи искористувања. Неговите препораки во оваа област стигнуваат до Северна и до Јужна Америка, европските држави, па сè до Индија и Тајван.
Концернот Колектор се гордее со традиција на високоспецијализирано индустриско производство. На патот долг половина век, Колектор се разви во едно глобално друштво со седиште во Словенија, како и широка мрежа на компании и подружници во Европа, Америка и во Азија. Стратегиската позиција на седиштето во центарот на Европа, како и глобалното пазарно и производствено присуство на сите позначајни светски пазари, му овозможуваат на Колектор ефикасно совладување на потребите на пазарот и оптимални бизнис-решенија. Развојните и технолошко-напредните процеси ги потврдуваат напорите на Колектор да ги задоволи потребите на клиентите со непосредни и одговорни решенија. Концернот Колектор на стратегиските глобални пазари поврзува речиси 30 компании и вкупно повеќе од три илјади вработени.