Грејната сезона уште не почната, а воздухот е загаден како никогаш досега во овој период од годината, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Случајно или намерно токму кога СДСМ е на власт мерните станици во Лисиче, Гази Баба и Битола наеднаш престанаа да функционираат. Дали власта поради тоа што не презема никакви мерки за справување со загадувањето ги исклучи мерните станици со цел граѓаните да не знаат кое е нивото на загаденост на воздухот со канцерогените ПМ 10 честички? Дали Скопјани и оваа зиме повторно ќе се гушат? – Судејќи по односот на власта, почитувани одговорот е ДА! Што презема Зоран Заев и Петре Шилегов во насока на справување на загаденоста? – Ништо! Шилегов кој ветуваше експресно решавање на проблемот со загадување на воздухот, цела година повторува дека нема инстант решение за загадувањето во Скопје. Дури и еден од петте постулати за европски и квалитетен живот од нивната програма „План за живот”, на страница 114 е чистата животна средина. Две години потоа владата нема преземено ниту еден чекор во насока на подобрување на амбиенталниот воздух – истакна Светлана Колариќ, советник во Град Скопје.